
Кривичнио суд не дал наредба да му се одземе патната изправа на Јован Вранишковски
Кривичниот суд нема издадено наредба, ниту донесено решение за одземање на патната исправа на Јован Вранишковски, но доставено е известување до битолската полиција дека ова лице е осудено со казна затвор од 1 година и 1 месец, се вели во дописот од Основниот суд Скопје 1, откaко Телма вчера објави дека на Вранишкоси во понеделникот не му било дозволено да ја напушти државата на граничниот премин Меџитлија.
Од Основниот суд Скопје 1 додаваат дека МВР согласно своит надлежности, без наредба од судот, може времено да ја одземе патната исправа на осудено лице, а по издржување на пресудата или укинување на определената мерка на претпазливост, лицето може да се обрати до судот за враќање на исправата.
Вранишкоски обвини дека бесправно му е одземен пасошот, затоа што тој веќе ја одлежал затворската казна од 13 месеци со притворот што му бил определен за крививичното дело „перење пари“ во склучајот „Расколник“ од 2012 година.
Емилија Мисирлиевска