Кривични пријави за стечајниот управник на ФЕНИ, антикорупционерите ќе го истражуваат влијанието нa Анѓушев врз стечајот

Постапката за стечајот на комбинатот ФЕНИ била водена незаконски и нетранспаренто, поради што Транспаренси интершенл ќе поднесе кривични пријави за стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Горгиевска. Сомнежот се отворил поради учество на банките за кои веќе се води случај во јавното обвинителство и објавувањето на оглас за преработка на никелова руда.

Многу работи упатуваат дека огласот е наменет за привилегиран понудувач, а договорот е склучен со неидентификувано правно лице кое во време на високи цени на рудата остварува големи добивки, вели Слаѓана Тасева, затоа рече таа бараме договорот настанат со инкриминирачки дејства да биде прогласен за ништовен.

„Потписник е физичко лице, со број на пасош од непозната држава без адреса, некој добро се погрижил идентитетот да не биде откриен. Наводно се откупени побарувањата, збориме за нетранспарентна постапка и настојување некој откако ќе се ослободи од долговите, да стане сопственик на ФЕНИ“, вели Тасева.

Антикпорупционерите од Скопје, Брисел и Берлин ќе го испитуваат и влијанието на вицепремиерот Кочо Анѓушев врз стечајот на ФЕНИ по претходно добиена преставка од фирмата Кунико ресурси.

Иако одамна е изминат рокот што го дал стечајниот управник за поднесување на план за реорганизација на работата во ФЕНИ, досега вели Тасева, ниту еден доверител не го видел таквиот план иако неколкупати барале увид во нeго.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ