Кривични пријави за семејство од Битола кое не ја почитувало самоизолацијата

Наместо во домашна изолација, петчлено семесјтво од битолската населба Боримечка, излегло на улица и предизвикало тепачка. Тие пред 4 дена се вратиле од Италија, каде биле на гости, но вчера напладне пред куќа  вербално се расправале со соседите. Потоа двајца од нив физички ги нападнале, па соседите се здобиле и со повреди. Полицијата денеска изврши проверка дали семејството ја почитува домашната изолација. Неколку членови кои ги затекнавме во дворот велат дека не излегуваат надвор.

Како ќе излегуваме надвор, кога во изолација сме. Пет души сме, рече член на семејството.

Жителите од околните куќи кои биле очевидци на настанот велат дека соседите и се скарале и се степале, ама се смириле.

Овде надвор се случи, додјдоа камиони да носат земја и да ја фрлат. И тој истрча од таму излезе, си удрија по некоја и толку. Беа во Италија таму имаат браќа, роднини и сега 14 дена мора да бидат дома, да не излегуваат, рече сосед.

Од полицијата велат дека против петте лица се поднесени  кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а Обвинителството за обвинетите членови на семејството бара судот да им зрече парична казна од 2.000 евра. Полицијата исто така поднесе кривични пријави за 4 прилепчани, кои влегле во Македонија од ризична држава и не го почитувале решението за домашна изолација.

Емилија Мисрилиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ