Кривични пријави за 8 угостители во тетовскиот регион

8 угостители во тетовскиот регион заработиле кривична пријава за работа во внатрешниот дел на објектите, бидејќи според протоколите за работа за време на пандемија треба да работат само летните тераси.

По контролите на Државниот пазарен инспекторат, Одделение Тетово, во содејство со Секторот за внатрешни работи Тетово, биле затворени 3 9 објекти, а за 22 биле изготвени платни налози.

Она што е карактеристично е дека сопствениците на објектите во градот се подисциплинирани и обично има само пречекорување на работното време, додека во селата најголем број од објектите се нерегистрирани.

Само вчера од страна на инспекторите беа контролирани 25 угостителски објекти, од кои 2 биле нерегистрирани.

Во контролите учествуваат и полициските службеници на СВР Тетово.  Од почетокот на рестриктивните мерки, речиси секојдневно се проверува дали истите се почитуваат, а за прекршителите следуваат казни.

Владата, на вчерашната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ