
Кривични и прекршочни пријави за одговорни за 13-годишната малолетничка најави МТСП
Тоа што не го откри комисијата во министерството за труд и социјална политка го пронајде вонредната социјална инспекција. Прекршени се закони, акти и целата пракса на водење на старателството за 13 годишната малолетничка која забремени и абортираше. Инспекторите чешлајки ги домовите згрижување деца „25-мај“ и „Ранка Милановиќ во сам оеден ден дошле до информација дека старателот во домот знеел за првиот сексуален однос на девојчето со возразен маж, но не превземал ништо. За дел од вработените се подготвуваат кривични пријави, за дел прекршочни.
„По информациите добиени од Р.И. во октомври 2016 година дека во текот на летото имала полов однос со одредено лице, назначениот старател не повел постапка за утврдување на фактите, ниту пријавил до Министерството за внатрешни работи.“
Работите тргнале на подобро откако се променил кординаторот, но освен пријавите до полицијата и обвинителството, надзорот над девојчето не давал разултат за подобрување на нејзиниот развој, па инспекцијата заклучува дека од извештајот на старателот кој непосредно ја вршел старателската должност, не може да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, за негово воспитание и образование. Во извештајот не се наведува во кој временски период се направени пропустите ако се знае фактот дека 8 години мајка и татко на ова девојче е Република Македонија. Од првата детска амбасада „Меѓаши“ прашуваат како е возможно да не се алармираат институциите за првиот сексуален однос на девојчето на 11 годишна возраст со возрасен маж, бидејќи таквото сознание упатува дека овие деца најлесно паѓаат во рацете на педофили.
Гогоска соработувала со овие деца безмалку 2 години и дошла до сознанија дека дел од нив одамна се жалеле на проблеми во надворешниот свет.
Јавното обвинителство во јанаури минатата година за прв пат ќе добие известување и докази од полицијата дека малолетничката бегајќи од институцијата завршила во домот на 68 годишен маж, за вчера да информира дека се оформени предмети. Пак, останува не јасно кого ќе гони обвинитeлството и зошто не гонело толкав период, во случаи на помлад малолетник под 14 години за кого полицијата во три наврати евидентирала сексуален чин со едeн непознат возрасен маж, 39 годишен маж, и последниот случај со кривична пријава се гони 18 годишник од Велес.
Во овие случаи казната е затвор од најмaлку 8 години, но дали обвинителстовто ќе ја прошири истрагата и по наводите на министерката за труд и социјала Мила Царовска дека ова дете била дел и од мрежата на проституција, детали нема од J.O. заради како што велат заштита на идентитот на жртвата којашто е малолетна. Советот на јавни обвинители за Телма посочи дека не може да бара одговорност од надлежното обвинителство во овој случај, бидејќи немаат добиено претставка, но велат дека одговорност може да побара државнито обвнител Љубомир Јовевски од своите вработени зошто толкав период не е покренато обвиенени за некој од случаите.
Павле Беловски