
Кривична пријава за заканувачот на пратениците преку Фејсбук
Заканувачот од Фејсбук кој преку споделена објава на социјалната мрежа предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието ќе заработи кривична пријава.
Од полицијата информираат дека кривичната пријава ќе биде поснесена до 38 годишниот А.Н. од скопско Коњари поради сомнение за кривично дело загрозување на сигурност и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Во домот на осомничениот е извршен претрес и полицијата одзела предмети во интерес на истрагата, а лицето е повикано на распит во полициска станица.
Од полицијата информираат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, и ги повикуваат граѓаните кои се изложени на вакви закани или се сведоци да пријават во полиција. Се подгхотвуваат уште десетина кривични пријави во наредните денови.
Инаку, осумтемина опозициски пратеници кои гласаа ЗА отворање на уставот се под 24-часовна полициска заштита, бидејќи постојано добиваат закани во пишани пораки на социјалните мрежи.