Кривична пријава за поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски
Обвинителството да постапи по доказниот материјал што МВР го достави за Васко Ковачевски, актуелен директор на ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола, побара денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој обвини дека Ковчевски вршел изнуда од 250 илјади евра уцена врз фирма која го добила тендерот за ископ на јаловина во комбинатот за да отстапи дел од договорот на друга фирма подизведувач. Откако тоа не било прифатено, договорот бил раскинат еднострано, за што фирмата со тужба од РЕК Биола побарува 1 милион евра, рече министерот за внатрешни работи
-Се работи за сериозно прекршување на кривичниот законик од страна на Васко Ковачевски раководството на РЕК Битола, се работи за сероизона штета нанесена на буџетот на Македонија и РЕК Битола, како и на правното лице кое го добило тендерот. Од тие причини аплериам Јавното обвинителство да постапи по доказниот материјал доставени од МВР, рече Чулев
Ковачевски категорично ги демантира ваквите обвинувања, и рече дека Чулев ја злоупотребува полицијата за партиски цели.
-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоуптреба на полицијата за партиско политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите обвинувања, помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа неподобните за нив. Овие обвинувања се неосновани и за ваквата изјава нека очекува кривична пријава против него лично, рече Васко Ковачевски, директор на ЕСМ
Доказниот материјал полицијата го доставила до обвинителството пред еден месец, а фирмата случајот го пријавила во МВР во февруари годинава.
Емилија Мисирлиевски