
Кривична пријава за Палевски за пуштање на „бомби“ во Прилеп
За новите бомби пуштени среде Прилеп на 4 април бизнисмеnот Љупчо Палевски и двајца прилепчани и еден битолчанец добија кривични пријави за неовластнео прислушување и тонско снимање. Кривичната пријава полицијата ја испратила денеска до прилепското обвинителство.
На 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. „Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето „Бојкотирам“. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана. Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин.
Протестот го пренесувале во живо преку социјалните мрежи па освен присутните бомбите можеле да ги слушпнат и нивните следбениците на Фејсбук.
Следниот ден сите четворица завршиле во полициска станица а полицијата правела и претреси во возилото на Палевски и во домовите на останатите тројца осомничени. Се уште се вештачат одземените предмети мобилни телефони, мемориски картичкки и друга електронска и компјутерска опрема а се анализираат и фејсбукј профили.
Палевски вели дека објавил четири бомби кои претходно веќе биле јавно објавени на социјалните мрежи а тој само ги репродуцирал. Вели добро го познава Кривичниот законик и законот кој забранува објавување на нови бомби, сепак смета дека фокусот треба да биде на содржината на разговорите и за тоа кој ги објавил. Има повеќе забелешки за постапката.
Разговорите на поранешни и сегашни функционери, претседател на суд, универзитетски професор објавени на руската социјална мрежа „В контакте“ пошироката јавност ги слушна во втората половина на април и надлежните се уште истражуваат кој се крие зад анонимен профил Илија Громовник кој ги објавил.
Елена Ивановска Мукоска