Кривична пријава за Димитриевски за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Извештајот на Државниот здравствен инспекторат резулатираше со кривична пријава од полицијата против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Од МВР неофицијално за Телма потврдија дека кривичната пријава е по Член 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, односно затоа што го прекрил решението за самоизолација. Нашите извори велат дека кривична пријава има и за уште едено лице, но полицијата работи и за другите наоди од извештајот и не се исклучува да бидат поднесени пријави и против други. Прв веста ја објави лично Димитриевски на својот фејсбук профил.

Кривична пријава?

– Класична злоупотреба на инструментите на власта.

– Легитимна постапка со независни и непристрасни професионалци ќе ја покаже вистината.

Навикнат сум на борба.И понатаму со ист интензитет заедно со истомислениците ќе продолжам да се борам.Во минатото се борев против режим.Дали е на повидок нешто слично? Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните.Правдата и вистината секогаш победува!

Извештајот на здравствениот инсепекторат завчера на пресконференција во присуство на министерот за здравство го објави директорката Ирина Соторов Бухова, која соопшти дека Градоначалникот и уште еден член на локалниот кризен штаб, Горан Стојановски додека биле во изолација, поради позитивен тест на Ковид-19, спротивно на прописите го напушиле домот за да се тестираат приватно.

Инспекторите лоцирале и серија други пропусти на патеката по која се движеле Димитриевски и Стојановски од Куманово до приватните клиники во Скопје. Една од забелешките се однесуваше и на брзата помош со која биле транспротирани затоа што немало соодветни патни налози. Димитриевски и Стојановски уверуваа дека биле почитувани протоколите за безбедност а Димитриевски обвини и за лов на вештерки и монтиран случај а Стојановски дека биле кажани невиситни и дека му пресудиле без суд.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ