Кривична пријава за Бранко Тричковски за загрозување на сигурноста поради коментарите за Мицкоски

Полицијата денеска објави дека против 68-годишен скопјанец поднела кривична пријава за две дела меѓу кои и за загрозување на сигурноста. Станува збор за новинарот и колумнист Бранко Тричковски кој пред една седмица на ФБ објави статус за опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Во МВР билтенот стои:

  • Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.

Тричковски пред една недела објави коментар на социјалната мрежа во кој меѓу другото наведе „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а по јавните реакции и неговото објаснување на својот ФБ коментар, полицијата одлучи да го гони за две кривични дела.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ