
Кривичен одлучува дали Јакимовски ќе остане во домашен притвор
Кривичен совет од тројца судии во скопска единица попладнево на јавна седница ги сослушуваше аргументите на обвинителството и на одбраната на екс градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. И двете страни поднесоа жалби на одлуката на судијата на претходна постапка кој поради здравствени причини му определи домашен притвор на Јакимовски. По завршувањето на седницата на која присуствувал и Јакимовски, неговиот адвокат рече дека се надева дека судот ќе ги прифати нивните аргументи. Адвокатот Виктор Цветковски потенцира дека Јакимовски и до сега ги почитувал мерките за претпазливост кои му ги определил судот уште летоска.