Кривичен не добил известувања од Собранието за имунитетот на Вељановски и Димовски

Одкако вчера Собранието не одлучи за пратeничкиот имунитет на Трајко Велјановски, судот се уште не добил никакво известување. За тоа дали Кривичен повторно ќе побара од собранието одземање на имунитетот за Трајко Вељановски, претседателот на судот Иван Џолев вели законот не го третира тоа прашање, но со колегите ќе ги разгледаат опциите и следните чекори. До сега, според неговите сознанија, немало случај на повторно барање за одземање на имунитет на пратеник.  До судот до сега не пристигнало никакво известување ниту за Димовски за кого процедурата во собранието почна уште на втори февруари.

Од МВР  пак потврдуваат дека од нив не било побарано да ги следат движењата на овие пратениците Трајко Вељановски и Љупчо Димовски за кои беше побарано одземање на имунитетот но до сега не им е доземен поради што и судот немаше можност да одлучува по барањата на обивнителството за мерка притвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ