
Кривичен им одговори на адвокатите и на СЈО
Кривичниот суд не се согласува со забелешките на адвокатите кои се жалат дека пречесто се закажуваат судењата на СЈО поради што им се нарушува одбраната, ниту со критиките на обвинителката Јанева дека судот ги одлговлекува предметите. На специјалната обвинителка и одговорија дека од декември минатата година до сега се изречени 4 пресуди за предметите на СЈО, што велат е доказ дека нема застој.
„Во однос на наводите дека за одредени предмети на СЈО не се насрочуваат доволно расправи, напоменуваме дека само во текот на месец септември 2018 година, од 20 работни дена, во 19 од нив се насрочени расправи за 16 различни предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, а воедно термините се усогласени како би се овозможиле доволно време на одбраната да се подготви“, велат од Кривичниот суд.
Од кривичен потенцираат дека во моментот постапауваат по над 1700 предмети кои не можат да бидат занемарени на сметка на други.
На адвокатите им одговорија дека ги почитуваат правата на странките и прават распореди за судењата за да имаат доволно време да подготват одбрана, но и судењето да биде во разумен рок. Потсетуваат дека има обвинети кои се опфатени и во 5 предмети на СЈО и дека за нив не може да се закажуваат повеќе рочишта во ист ден, но потенцираат дека иако некои обвинети имаат повеќе адвокати доволно е на рочиште да присуствува барем еден.
Одбраната пак вели дека барањето на Јанева да се суди со поголема динамика е насочено кон кршење на правата на обвинетите. Негира дека судењатата се одлагаат поради тоа што адвокатите се повторуваат во повеќе предмети и бараат судиите да се усогласуваат.
Седницата во апелација за 2 годишната затворска казна за Груевски денеска не се одржа поради остсуството на одбраната на експремиерот. Дојде само Ѓоко Поповски со адвокатот Зиков. Груевски и неговите бранители во исто време беа на судењето за „Шамарите во Центар“ каде се сослушуваше сведок, поранешен советник. На сред сведочење адвокатите Боро Тасески и Сања Алексиќ напуштија за да присуствуваат на судењето за „Тенк“ откако од таму добија известување дека судијката Добрила Кацарска и порачала на екс министерката за внатрешни или за 5 минути да дојде еден од нејзините адвокати или ќе ги казни и ќе и назначи нов бранител по службена должност. Тасевски најави дека е можно да и го откаже полномоштвото на Јанкуловска бидејќи не може да стаса секаде.
Елена Ивановска Мукоска