
Кривичен и Судски совет со осуда за адвокатите од „ТНТ“
Кочничари на судската постапка кои преку непрофесионален и неетички однос вршат притисок и закани врз судот и поротникот. Ова се дел од забелешките на кривичниот суд за изјавите и писмата на дел од бранителите во случајот „ТНТ“. Бараат адвокатската комора и обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат заканите.
Притисок/закана со поднесување на кривична пријава кон судски поротник, кој активно учествува во водењето на судската постапка и учествува во носењето на одлуката, е сериозен акт и класичен пример на атак врз независноста и непристрасноста на судското одлучување, велат од Кривичниот суд.
Како обид за опструкција и одолговлекување на судењата од судот го оценуваат и барањето на адвокатот Мерџан Даути за превод на сите списи на албански. Откриваат дека Даути во многу други судења го користи без проблем македонскиот јазик и предупредуваат дека било каква отстапка од ЗКП во поглед на користењето на јазикот може да предизвика колапс во правосудниот систем.
Судијата поротник ја врши својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот совет. Освен Законот за судови таква е и досегашната пракса за разрешување на судии и поротници, одговараат од Кривиен. Очекуваат советот да и го продолжи мандатот, бидејки велат нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, да се разреши поради протек на мандат.
А следната седница на судски на која треба да се решат овие прашања е закажана за 27 ми јануари. Од Судски совет не отстапуваат од овој термин и покрај најавите од адвокатот Јовица Страшевски дека ке добијат кривични пријави ако не ја расчистат дилемата со пороничката од „ТНТ“ до 10-ти јануари. Ваквите негови изјави ги нарекоа закани и ги осудија
На овој начин адвокатот Страшовски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ТНТ, да ја превземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чии сегмент е и принципот на судење во разумен рок, смета Судскиот совет.
Експресен одговор стаса од адвокатот Страшевски. Неговите писма не биле закани туку законски укажувања. Му постави 15 прашања на претседателот на Кривичен Иван Џолев и го повика на телевизиски дуел.
Кој ќе сноси одговорност што предметите „Монструм“, „Талир 1“, „Тендери“, „Топлик“ и останатите ќе почнат да се судат од почеток бидејќи при почеток на овие рочишта двете поротнички имале наполнето 60 години, што е услов за престанок на нивниот мандат т.е не смееле да бидат именувани?, прашува Страшевски.
Укажувањата за незаконитости не се закани реагираше и адвокатот Даути, но тврди притисоци се правеле врз поротничката за да доаќа на судења со истечен мандат. Тој вели и дека нема законски основ за продолжување на мандатот на поротникот.
Кривичниот суд во овој случај носи диктирани политички одлуки, пишува Даути. Шпекулации биле тврдењата дека одбраната одолговлекува. Повеќе рочишта биле одложени поради судот и обвинителството отколку поради одбраната. Користењето албанскиот јазик е негово уставно и законско право кое судот нема капацитет да го спроведе со што прави повреди на постапката, тврди адвокатот.
Од министерство за правда со став дека судските постапки треба да се водат во разумен рок, со почитивање на правата на обвинетите но без злоупотреби на процесните права и со докази а не под притисок
Од тие причини апелираме сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите, да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – истото да биде санкционирано. МП до сега не коментираше актуелни судски постапки и останува на тој став, почитувајќи го принципот на немешање на извршната во судската власт, велат од правда.
Елена Ивановска Мукоска