Кривичен го објави писмото до државниот обвинител Јовески

Кривичниот суд го објави писмото со кое претседателот на судот Иван Џолев го известува државниот обвинител Љубомир Јовески дека бара да се прозинесе кое обвинителство ке ги застапува обивненијата на катица Јанева но и зошто бараат автентично толкување од Собранието. Начелното правно мислење на Врховен намeтна дилема за тоа дали постои колизија на повеке законски одредби, стои во писмото од Кривичен. Од напишаното произлегува дилемата дали  по 18те месеци пропишани во чл 22 од СЈО воопшто може да дојде до застарување со оглед на тоа што во Кривичниот законик пропишува многу подолги рокови за застареност на кривично гонење но и дали предметите на СЈО треба да бидат преземени од редовното обивнителство.Во продолжение целото писмо:

“Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата одржана на 04.02.2019 година, дискутираше за правното мислење на Врховниот суд на Р.Македонија, со кое се дава автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО, а се однесуваза рокот во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да поднесува и презема обвинениа,превзема предистражни и истражни дејствија.

Колегиумот на судии донесе заклучок, имајки предвид да правното начелно мислење на Врховниот суд defacto го оспори постапувањето на СЈО како овластен тужител, да се обрати до Јавниот обвинител на Р.Македонија Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе за тоа кое обвинителство во иднина ќе постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО.

Ова Барање на Судот е во правец на владеење на правото, односно правилна и доследна примена на Законот за кривична постапка кој е од примарно значење во водењето на постапките.

Судот смета дека со правното мислење на Врховниот суд на РМ се проблематизираше примената на чл. 17, чл.39 и чл. 40 од ЗКП но и на одредбите кои се однесуваат на роковите за кривично гонење-чл.107 од Кривичниот Законик.

Во оваа смисла правното начелно мислење на Врховниот суд на РМ му наметна на Кривичниот суд дилема дали постои колизија на одредбите од чл.107 од Кривичниот Законик и чл.22 од Законот за СЈО(кои предвидуваат различни рокови за кривично гонење), односно дали едната одредба ја исклучува другата или пак чл.22 само упатува на тоа кој(овластен тужител-кое обвинителство)по протекот на извесен рок е надлежен да го поведе или продолжи кривичниот прогон.

Колегиумот на судии смета дека е потребно Државниот јавен обвинител да иницира и автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од Собранието на Р.Македонија, бидејќи само законодавецот може да даде автентично толкување на Законите.” стои во писмото од Џолев до Јовески.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ