Kритични точки и мета на дрвокрадците во струмичко

Висока Маала, делови од Рич се само дел од местата коишто се’ уште се критични точки и мета на дрвокрадците. Од шумското стопанство беласица велат дека клучни се граѓаните потрошувачи во борбата со сузбивање на оваа нелегална сеча. Да пријавуваат, но и да не купоуваат од дрвокрадци.

Митров вели дека соработката со шумската полиција е добра, но сепак тие не се надлежни за чување на шумите.

Tрим патеката над Струмица којашто е најчесто посетувано рекреативно место на граѓаните, е уште една локација каде секоја година за време на грејната сезона се врши нелегална сеча на дрвјата.

Шумското стопанство вели дека не можат наеднаш да ја искоренат нелегалната сеча, на местата каде што е бесправно сечено, вршат пошумување од сопствениот расадник, за да се намалат штетните последици по шумската површина и животната средина.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ