Крилото на Гаши во Беса го тужи Касами за фалсификат

Скопското крило на БЕСА му поднесе кривична пријава на актуелниот претседател, Билал Касами, за незаконска пререгистрација на партијата.  Тврдат дека, уште во ноември минатата година, кога во оваа партија се уште немаше превирања, до судот доставил фалсификувани документи, во кои навел лажни претседатели на општински ограноци. Во Боговиње, претседател на огранокот бил Шпенд Тахири, избран во  присуство на Касами, но, во судот било доставено името на Нуредин Дехари.

Во Струга, наместо Риат Абдурахмани, е доставено името на Нусрет Зиба, дојден од НДП. Во Шутка бил избран Арсим Емини,а во судот стои името на Мухамед Цури, а за Карпош, наместо Јонуз Фејзулаху, е поднесено  името на Илир Хоџа. Интересно е што во Ресен воопшто и не успеале да состават огранок, а во судот е поднесено името на Аријанит Хоџа како фиктивен претседател.

Од ова крило најавија дека деновиве последователно ќе објавуваат детали од овој, како што го нарекуваат, мега-скандал. Тие минатиот викенд го избраа Африм Гаши за претседател на БЕСА, но поддржувачите на Касами за три дена и самите ќе имаат конгрес, на кој повторно се најавува реизбор на стариот претседател. Оттаму не сакаа да ги коментираат обвинувањата.

И двете крила се тужат едни со други за правото на името и печатите на партијата, па последниот збор ќе го има судот. Во меѓувреме, пратеничката група функционира како единствена, a велat дека така и ќе остане додека некој од пратениците не одлучи

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ