Крајот на проектот на Црвен Крст ќе го остави дома слепиот Велков

Првпат во своите 25 години Игор Велков го напушта домот и оди на работа. Момчето, кое живее во село Чанаклија, струмичко, е целосно слепо но поради проектот на Црвениот крст за нега на стари и изнемоштени лица добил можност да работи како масер. Секој ден тој и неговиот персонален асистент одат во посета на стари и изнемоштени лица и ги негува со масажа подообрувајќи им ја виталноста но и циркулацијата.

Сузана е персонален асистент на Игор. Вели дека покрај него научила многу за хуманоста, истрајноста и борбата и не може да го замисли својот ден без нивните прошетки и дружења.

Животот на Игор е целосно променет овие неколку месеци. Но, радоста дека е корисен и помага некому ќе трае уште многу кратко. По завршувањето на проектот, тој пак ќе биде затворен дома.

Од Црвениот крст велат дека апелираат до надлежните институции да се најде постојано вработување за Игор како масер, бидејќи и покрај попреченоста, тој може да води исполнет живот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ