Крахираше „Мој термин“

Крахираше „Мој термин“- пацинетите утринава од матичен се враќааа без упати и рецепти. Хронично-болни останаа без терапија, а потешки пацинети без приоритетен упат. Некои со часови залудно чекале во ходниците надевајќи се дека брзо ќе проработи системот. Матичните лекари велат, не е прв пат „Мој термин“ да крахира, но прв пат дефектот трае олку долго. Амбулантите во Берово и Градско цело работно време го поминале недвор од системот.

Чолакова-Дервишова апелира до надлежните да не интервенираат во „Мој термин“ во периодот кога имаат најголем наплив на пацинети. Од Министерството за здравство потврдија дека системот паднал. Велат се работи за технички проблем, но за нив е најважно што пацинетите со закажан термин денеска ја добиле неопходната здравствена заштита.

„Според информации од Управата за електронско здравство утрово е настанат технички проблем со доменот zdravstvo.gov.mk, со кој, меѓу другото, се  засегнати сегменти од системот Мој Термин, што ги користат матичните лекари, аптеките и дел од јавните здравствени установи. Проблемот е веќе надминат кај најголем дел од провајдерите, дел од матичните лекари и аптеките може да издаваат упати, а интензивно се работи за негово надминување и во останатите јавни здравствени установи“, соопштија од Министерство за здравство.

Ова не е единствен проблем на ситемот „Мој Термин“. Електронското закажување потфрла речиси секојдневно. Дел од матичните лекари се жалат дека со месеци не можат да им закажат на пацинетите преглед кај специјалист, а најголем проблем е да најдат слободен термин во градската болница „8-ми Септември“.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ