Коѕијас во четврток во Скопје со нацрт спогодбата

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во четврток ќе пристигне во Скопје со нацрт спогодбата на 20 страници. Околу 55 параграфи, со сите отворени прашања,  сместени на 20 страници, ги содржи грчката нацрт-предлог спогодба меѓу Македонија и Грција, соопшти грчкото радио „Атина 984“.

Радиото  наведува дека нацрт предлогот е подготвен од грчкото МНР и опширно бил разгледан меѓу премиерот Алексис Ципрас и Никос Коѕијас.

Во однос на имињата што се вклучени, радиото во текстот коментира дека Горна Македонија, е „фаворит“ за Атина, но без превод, „нешто што многу тешко ќе биде прифатено од другата страна“.

Премиерот Зоран Заев ја оценува средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас што ќе се одржи неделава во Скопје и преговорите со медијаторот Метју Нимиц како можност за приближување кон решавањето на проблемот што го има Грција со нашето уставно име.

Најави дека по средбата со Нимиц најверојатно ќе следува и нова лидерска средба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ