Коѕијас на 11-ти и 12-ти април во Охрид на средба со Димитров

На 11 и 12 април грчкиот министер за надворшени работи Никос Коѕијас ќе ја посети Македонија, но овојапат во Охрид. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев, кој повтори дека е позитивен по средбат меѓу Коѕијас и Димитров во Виена. Притоа Заев смета дека начин да се реши спорот е ако двете страни се грижат тоа што ќе биде договорено да помине низ инстиутциите во двете земји е.

„Знаат што е возможно и знаат што  не е возможно. Така што има придвижување напред. Се надевам дека министрите повторно ќе се видат, веројатно во Охрид на 11 и 12 април. Не знам дали е потврдена, знам дека е само план, но ќе направи сигурно дополнително поместување. Продолжуваме понатаму, месеците се пред нас. Убеден сум дека ако направиме напори, да водиме грижа за нашите партнери од Грција, како тоа што ќе го договориме ќе помине во институциите. Но, и тие да водат грижа за нас, како тоа што ќе го договориме да помине низ институциите пред се и пред граѓаните во Грција и Македонија. Тоа е начинот на решавање на проблемот“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.

По последната преговарачка рунда која се одржа минатата недела во Виена шефот на македонската дипломатија изјави дека е постигнат е условен напредок бидејќи, како што рече, тој е условен со прашања кои што се тешки и каде што уште има разлики. Димиторв во Виена изјави дека е постигнато извесно придвижување напред.

Лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис по брифингот кој го имаше во понеделникот со Коѕијас пак најави дека доколку претстојните разговори меѓу Коѕијас и Димитров во Македонија поминат добро, преговорите веројатно ќе преминат во раце на премиерите на двете земји.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ