Коѕијас: Иднината му припаѓа на нашето пријателство

За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата, во интервју за МИА говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

  • Иднината му припаѓа на нашето пријателство“, е пораката што Коѕијас ја испраќа во разговорот со нашата дописничка од Атина, и притоа изразува убеденост дека „најпријателските односи меѓу државите во цела Европа ќе бидат меѓу Северна Македонија и Грција“.

Во топла, пријатна постбожиќна и предновогодишна атмосфера, поранешниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за МИА, одговара на низа прашања, директно и индиректно поврзани со договорот, но и на прашања што немаат никаква врска со решението меѓу Македонија и Грција.

Открива како течеле преговорите, од септември минатата година, преку Давос и Сунио, па се до Преспа, кога тој и неговиот македонски колега Никола Димитров го потпишаа договорот. Вели дека со министерот за надворешни работи на Македонија, веројатно ќе се сретнат повторно на конференција во март во Атина.

Иако повеќе не е министер, сепак, уште е оптимист дека во грчкиот Парламент постои парламентарно мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа.

Вели дека нема да умре пред уште еднаш да ја посети нашата земја и да биде  „насмеан минувач низ улиците на Скопје“. Притоа открива дека Скопје го преферира со снег, а доколку беше помлад и ако имаше пари ќе купел плац во Преспа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ