
Коѕијас: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент
Односите меѓу Македонија и Грција ќе бидат најпријателски во Европа вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција а сега пратеник Никос Коѕијас во интервју за МИА. Каѕијас тврди дека од самиот старт бил посветен на Договорот и истото го побарал од колегата Димитров но и двајцата премиери. Тој е оптимист дека договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент откако нашата држава ќе го исполни својот дел од обврските.
- Ова мнозинство е создадено, би рекол дека е пронајдено уште од 2017. Тоа се луѓе кои освен нивното позициско расположение што го имаат кон владината политика, за конкретното прашање сакаат и тие да се заврши, да се затвори и сметаат дека договорот е добар компромис и според другиот, неопходен компромис, вели Коѕијас.
Во текот на перговорите имало неколку критични моменти и потешкотии.
На почетокот тоа било остуството на воља за преговарање од тогашниот премиер Груевски а потоа недовербата од македонската страната дека тој навистина сакал да постигне компромис за да се изгради и спроведе договор. Последен критичен момент во текот на преговорите за Коѕијас бил во финалната фаза на преговорите кога конкретно требало да се стигне до компромис но повторно имало размислување и премислување од македонскиот преговарачки тим.
За опстукциите и противењата во Грција вели дека се должат на придвижување на политичките партии кон десницата, учеството на партијата Независни Грци во Владата и притисокот на Каменос како и притисокот на Нова Демократија за да поентираат на изборите кои ќе се одржат во Грција.
Негативните рекации во јавноста во двете држави околу договорот од Преспа ги припишува на како што вели лудост, лаги и бизнис од национализмот.
- Мислам постои една лудост. Која е лудоста? Некој што на граѓанин на вашата земја му продава производи на Цимиски, по половина час излегува и протестира. Друг некој чека кога од вашата земја ќе дојдат туристи да ги пречека, да ги нагости, да ги згрижи и откако ќе си отидат и заврши летото и дојде есен сака да протестира. Ова е лудоста што ја носиме во нас сите народи овде на Балканот и со кое треба да завршиме, смета тој.
Коѕијас вели дека еден том во колецијата на текстови кои ќе ги објави ќе биде посветен на спорот меѓу Македонија и Грција и се надева дека повторно ќе дојде во Скопје, но овој пат како насмеан минувач по гадските улици.
Огнен Чанчаревиќ