Кожув, Беласица и Огражден да се прогласат за заштитни подрачја

Кожув, Беласица и Огражден да се прогласат за заштитни подрачја по примерот на Шар Планина и Осоговските Планини. Вакво барање подготвуваат еколошките организации од Југоистокот, поттикнати од вчерашната одлука на Владата. Оваа не е нова иницијатива. Активистите од регионот од лани бараат да се донесе ваква одлука за планинските масиви за да се спречи и отворање на рудници.

Наков вели дека ова е единствено логично решение, особено затоа што Беласица на пример е заштитена во двете соседни земји: Грција и Бугарија.

Изминатите три години со протести, лобирања но и одржување локални референдуми на локално ниво се спречи отворање на најмалку три рудници во Југоистокот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ