КОВИД-пробој и на Гинекологија Чаир, 3 родилики не ги „пријавиле“ контактите со заболени во семејството, 18 лекари и сестри во изолација

Три родилки во Гинекологија Чаир дале погрешни податоци при епидемиолошката анкета, потврди за Телма директорот Башким Исмаили.

Родилките биле во установата во последните десетина дена. 18 лица вработени во Гинекологија Чаир се испратени во самоизолација, по одредени контакти со овие три случаи.

Директорот Исмаили информира дека сите заштитни протоколи во болницата се спроведени и апелира пациентите да даваат точни податоци на епидемиолозите за полесно надминување на кризата со Ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ