
Ковид 19 ќе удри на ликвидноста на фирмите
Ковид 19 ќе удри на ликвидноста на фирмите, а за очекување е и дека компаниите по 15 или 20 дена можат да имаат проблеми со исплатата на платите. Затоа под итно се потребни мерки во делот на олабавување на монетарната политика, Упрвата за јавни приходи исто да не им испорачаува казнени камати на компаниите во овие прилики повика претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров. Смета дека во овие моменти треба да се преиспита и одлуката за изборите во интерес на економијата.
Последиците ќе се чувствуваат и на светско и на домашно ниво. Големите светски економии веќе работат на распоредување на буџетските средства за спречување на ширење на корона вирус, како и на емисија на поевтини кредити за компаниите.
Работодавачите апелираат да се следи состојбата, со цел да се намалат проблемите во стопанството, бидејќи какошто вели Димитров во овие моменти не треба да се уништи економијата.
Викторија Јованова