КОВИД 19 ги стави другите заболувања на маргините

Здравствениот сектор  е насочен во битката за справување со КОВИД-19, па останатите заболувања се на маргините, вели Милан Мишковиќ од  битолскиот Хепар центар, здружение кое ги обединува заболените од хепатитис.  Тој  бара  што  поскоро пациентите,  болни од оваа заразна болест,  да добиваат соодветни услуги  во здравствените установи.

-За разлика од КОВИД-19 која што е гласна болест, хепатитот и ХИВ-от се тивки болести, кои поради целата ситуација се ставени на маргините. Тие се решаваат во  во зависност од потрбата и итноста. Токму затоа апелираме колку што може, постепено да се враќаат потребите на граѓаните за останатите заболувања, така и за хепатитот, вели Милан Мишковиќ, НВО Хепар центар-Битола.

Од Хепар центарот велат дека нема терапија за пациентите со Хепатит Ц, а за хепатити Б пак, се уште се чека терапијата  да се најде на позитивнта листа на лекови.

-Голем дел од постапките беа замрзнати, поради што апелирам да се реактивираат. КОВИД-19 можо да остане подолг врменски период, а луѓето кои се заболени имаат потреба од оваа терапија, па потребно е таа терапија да биде доствена и овие пацинети да ја примаат за да не дојде до влошување и поголем морталитет на оваа група на граѓани, вели Мишковиќ.

Од Министерството за здравство велат  дека во тек се постпаките за да се обезбеди терапија за болните од Хепатит.

Тендерот за терапијата за заболени од Хепатит Ц во една ставка е поништен поради грешка на добавувачот и повторно ре-објаве, а се очекува во наредните две до три недели да биде завршен. Исто  така, во  тек се активности за формирање комисија која  ќе ги разгледува поднесоците за ставање на еден лек на позитивна листа“, информираат од Министерството за здравство. 

Поради коронакризата, годинава пролетната европска недела за масовен скрининг, планирана од 15 до 22 мај, ќе се одбележи само  со виртуелна кампања за подигање на свеста за важноста на оваа заразна болест.  Иако нема официјални статистики се претпоставува дека  1 процент од населението е  заразено со хепатитис, а  бројот на заболени  е во постојан пораст.

Емилија Мисириевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ