
Коцијас: референдумот не е правен услов за имплементација на договорот од Преспа
Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија.
Коѕијас истакна дека Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од гласовите што ги доби „ЗА“ на референдумот.
Грчкиот министер за надворешни објаснува дека ниската излезност на референдумот е поради непрочистениот избирачки список, стар 20 години. А во однос на она што следува по референдумот, рече дека ако Заев не ја добие битката во Собранието, според негово мислење, „ во секој случај ќе ги добие следните избори, тоа го велат резултатите од референдумот“.
Коцијас е категоричен и дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент, а дури потоа ќе се оди на избори. Во однос на тоа што нивниот коалиционен партнер, лидерот на Независни Грци отворено не го поддржува догворот, Кацијас вели дека тоа е само една мала кавга во бракот меѓу Сириза и Независни Грци.