Коцијанчиќ предупредува – внимателно со кинеските кредити

Портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчиќ, бара земјите од западен Балкан да внимаваат со кинеските кредити.

Европската унија има намера да го засили дијалогот со земјите од западен Балкан, за да ги објасни придобивките од финансирањето преку главните инструменти на инфраструктурните проекти на унијата, вели Коцијанчиќ за радио Слободна Европа.

Таа кажа дека финансирањето на Европската Унија за инфраструктура, вклучува бесповратни средства, помешани со кредити со атрактивни камати. Тоа е спротивно на кинеското финансирање, кое доаѓа скоро исклучиво во форма на заеми, со значителни финансиски импликации.

Затоа, владите треба да бидат внимателни, овие инвестиции да не ја стават економијата на високо ниво на задолженост.

Таа додава дека западен Балкан има јасна европска перспектива, а од друга страна, потсетува дека ЕУ е најголем партнер на регионот за трговија и инвестиции.

Наспроти тоа, помалку од шест проценти од трговијата и странските инвестиции во регионот доаѓаат од Кина, вели Коцијанчиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ