
Костов: Искористен е полниот медицински капацитет на ГОБ 8 септември
Во Градската општа болница 8 Септември се примени 33, рече директорот Христијан Костов. Петмина од нив починаа, двајца ги донесоа починати, тројца починаа после реанимацијата на интензивна нега, рече директорот Костов.
Директорот уште рече дека е искористен полниот капацитет на болницата, повикани се сите екипи и лекари, хирурзи, анестезиолози, медицински сестри, се што може да функционира во оваа болница функционира. Тоа не значи дека ургентниот центар нема да функционира во текот на ноќта за други итни пациенти, рече Костов.