Костов: Четворица пациенти повредени во сообраќајката се во тешка здравствена состојба (видео)

Четворица пациенти повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје- Тетово се во тешка здравствена состојба, од 32-ца кои беа синоќа донесени во градската болница „8-ми Септемри“, изјави за Телма директорот Христијан Костов.

28 се стабилни, но на еден од нив му се влошила состојбата по што е префрлен на Торакална хиругија.

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба, информираат од министерството за здравство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ