Костадинов: Сите сме за напред, само Мицкоски е за враќање назад

Пратеникот на СДСМ и парламентарното мнозинство Костадин Костадинов, вели дека референдумот ќе успее и ќе ја добие потребната поддршка за спроведување на договорот со Грција што ќе значи и отворање на вратите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Граѓаните се носители на суверенитетот, граѓаните одлучуваат на избори и на референдум. Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него мора да биде и ќе биде обврзувачка за сите. Гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина. Денешниот ден уште еднаш покажа дека сите ние заедно сме обединети за влез на
Македонија во ЕУ и НАТО, а само Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се против. Сите ние сме обединети за Македонија која оди напред, а само Мицкоски е за
враќање назад. Сите ние сме ЗА македонската иднина, а Мицкоски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против“, изјави Костадинов

Според пратеникот граѓаните ќе можат на слободен начин да се изразат на референдум и да кажат дали се за договорот со Грција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ