
Костадинов го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека лобира против датум за преговори со ЕУ
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ од меѓународни претставници барало Македонија да не добие датум за преговори, обвини Портпаролот на СДСМ, Костадинов во вечерашната Топ тема на Телма. Ваквите информации, тврди ги добил вечерва, пред почетокот на емисијата. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека на владата и било повеќе пати кажано дека нема да добие датум во март, заради скандалите поврзани со нејзиното владеење.