
Косовскиот премиер Харадинај не попушта за таксите кон Србија, и по цена на оставка
Спремен сум да дадам оставка ако САД го побараат тоа, но таксите за производите од Србија остануваат изјави Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
„Ако Американец дојде и ми рече: ‘Рамуш напушти ја функцијата’, јас ќе заминам. Но таксите ќе останат“, рекол тој за косвската државна телевизија.
Во меѓувреме заменик помошникот американски државен секретар изјави дека Србија треба д аго признае Косово како независна суверена држава а истото треба д аго стори и Косово.
,, Во преговорите меѓу Косово и Србија не станува збор за тоа дали ќе се променат границите или не туку станува збор за признавање .-изјавил Палмер на форумот за југоисточна Европа во грчкиот град Делфи.