
Косово ги усвои заштитните мерки за земјоделските производи
Косово ги усвои заштитните мерки за земјоделските производи. Тие стапуваат на сила од утре. Македонското министерство за земјоделство денеска било известено од косовската страна дека привремените заштитни мерки ќе траат 90 дена и ќе се однесуваат за 21 производ кој влегува од која било земја.
По најавите дека Косово ќе воведе ваква мерка, македонските земјоделци реагираа дека истата негативно ќе се одрази на нивното производство и велат дека овошјето и зеленчукот ќе поскапи и на домашниот пазар.
Од почетокот на годинава извозот во Косово изнесува 6020 тони земјоделски производи или 93 милиони денари а во 2017 извозот тежел 9.400 тони или 145 милиони денари.