Корупцијата пречка за НАТО

Високата корупцијата може да биде  пречка за НАТО предупредува Парламентарното Собрание на НАТО. Бараат од властите да преземат мерки за нејзино сузбивање. Неопходно е и час поскоро да се донесат реформските закони.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ се пожали дека носењето закони по скартена постапка стана пракса на актуелната власт. Иако начелно дават подршка и ќе бидат конструктивни во нивното носење, сепак укажуваат на фактот дека во иднина законите треба да се носат во редовна постапка.

Владејачките партии ја уверуваат делегацијата на Парламентарното собрание дека е  донесена програма за борба против корупцијата  ,избрано е ново регулаторно тело а се очекува да се постигне консензус и за СЈО.

Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО се во неколкудневна  посета на нашата земја каде вршат мониторинг на политичката и економската ситуација како и носењето зкаони кои се клучни за влез во Алијасата.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ