Коронавирусот ја зеде втората жртва во земјава

Втора жртва на корона вирусот во земјава. Доцна синоќа на Инфективната клиника почина 63-годишен маж од Дебар, информираат од Министерството за здравство. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила, по што не успеал да се избори. Пациентот немал други заболувања.

Ова е втора жртва на коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера. На неа и беа земени на двапати брисеви кои покажаа негативност на корона вирусот. Потврдено било дека е позитивна на болеста посмртно.

Мистериозната смрт на 57 годишната кумановчанка ги изненади и докторите и министерот за зравство. Според министерот Филипче ова е нетипично за овој вирус, но и за кој било друг, но вели има и такви сценарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ