
Коронавирусот ја „тресе“ и Македонска Берза – цените на акциите во пад
Коронавирусот ја тресе и „Македонската Берза“ -падот и агонијата на светските берзи се прелеа и на домашниот пазар на хартии од вредност. Македонските компании губат од својата вредност – од понеделникот до вчера не прекина падот на цените на акциите. Само денешното тргување заврши во мал плус на индексот МБИ 10 кој изнесуваше 0,75 проценти на крајот на берзанскиот ден. Брокерите велат има неизвесност кај домашните инвеститори, но има и такви кои го користат моментот да купат акции по пониски цени.
Тие случувања на меѓународните пазари се проследија и на домашниот пазар на хартии од вредност каде денеска прв ден бележиме некоја стабилизација. Ние имаме и повлекувања, меѓутоа имаме и уплати. Нето ефектот да речеме денеска е неутрален можеме д аимаме повеќе уплати отколку исплати ќе видиме до крајот денот уште не е завршен, вели брокерот Андреј Пулејков.
Падот на акциите започна во понеделникот, кога македонскиот берзански индекс отиде во негатива од 0,27 проценти. Најголем пад имаше во вторникот и во средата 2,3 проценти и 3,18 проценти.Продолжи во негатива од 1,67 проценти и во четвртокот, за денеска да има мала стабилизација.
Но никој за сега не може да ги измери штетите врз домашната економија.
Она што го гледаме на меѓународните пазари е во голема мера поврзано со реалните ефекти од коронавирусот врз заработките на компаниите и соодветно на тоа некое нивно превреднување формирање на некое ново ниво на практично цена. Кај нас тоа не верувам дека во овој момент може да го процениме точно. Но велам што побрзо ја ставиме оваа епизода со коронавиру позади нас, значи што побрзо заврши, толку последиците ќе бидат помали, рече Пулејков.
Дека коронавирусот ќе удри врз домашната економија апелираше и бизнисот. Од Германската стопанска комора предупредија дека тој ќе влијае на македонското стопанство,но очекуваат брзо опоравување. Штети од откажаните осмомартовски тури бројат и туристичките агенции. А од чевларската индустрија чии партнери се токму во Италија каде вирусот се шири, излегоа со став дека за сега последиците не се големи, но ќе ги има ако неизвесноста потрае.
Александра Филиповска