Корита за дезинфекција се поставуваат на влезовите во Битола

Со цел да се спречи ширење на коронавирусот, Општина Битола поставува дезинфекциони корита на влезовите од градот.

„Со ова ќе се врши дезинфекција на сите возила кои влегуваат во нашата општина. Воедно, изминатите денови вршевме интензивни активности со прскање на сите јавни површини и простори каде постои можност за контаминација и загрозеност на нашето население. Со тие активности продолжуваме и во деновите што следуваат“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Засега во Битола нема регистрирани лица заболени од КОВИД 19

Емилија Мисирлиeвски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ