
Копач: Можни се санкции ако Македонија не го реши спорот за ГА-МА и спроведе Третиот енергетски пакет
Телма: Македонија доцни во спроведувањето на мерките од Третиот енергетски пакет, колку е сериозно ваквото доцнење.
Копач: Македонија мораше да го имплементира Третиот енергетски пакет во 2015 година а раздвојувањето на операторот на преносниот систем требаше да се случи на 1 јули 2016 година. Поради тоа Македонија доцни веќе четири години. Ние би можеле да почнеме прекршочна постапка против Македонија. Не сме сакале, бидејќи чекавме овој проблем да се реши. За жал не е решен, ќе почекаме уште малку, но тој проблем за раздвојување на операторот на преносен систем е решен секаде, само уште во Македонија и Босна и Херцоговина.
Телма: Што значи прекршочна постапка?
Копач: Прекршочната постапка не е добра за имиџот на земјата особено не за земја која се залага за разговори за членство ЕУ. А инаку прекршочната постапка трае долго, од една до две години и на крај може да значи санкции односно ускратување на средствата на ЕУ. Но, тоа е црно сценарио, и се надевам дека ќе биде претходно средено.
Телма: Дали е во опасност грантот за енергетското поврзување со Грција?
Копач: Тој грант е веќе загрозен отколку што се реални санкциите, бидејќи Western Balkans Иnvestment дадоа 12 милиони евра за тој проект и тој не може да почне се додека не се обезбеди сертифициран оператор на преносниот систем. Додека не се случи тоа раздвојување тоа го нема. Значи, тој грант е дефинитивно загрозен односно не може да се користи, додека не се среди ова.
Телма: ЕЗ учествуваше во медијацијата за случајот со ГАМА, ги споменувате санкциите кои се можни, рековте дека ќе почекате уште малку, но уште колкав рок и давате на Владата да го реши ова бидејќи сепак се избори за кратко време?
Копач: За нас, на некој начин овој проблем беше решен бидејќи Владата се согласи со записникот, тоа беше потпишано, сметавме дека само техникалии се во прашање, некоја формалност. Но за жал се остана некаде во воздухот. Може и оваа сегашна Влада тоа да го реши бидејќи сите основи за тоа да се реши тој спор се донесени.
Телма: Дали треба Владата да го реши или треба да се оди преку Собрание?
Копач: Тоа е работа на правниот поредок на земјата, не сакам во тоа да се мешам, но Владата или сама ќе ја спроведе процедурата или мора да го прати во Парламентот, но тоа е на Владата.
Телма: Како ја цените посветеноста на двете страни во решавање на спорот?
Копач: Тешко е да се коментира, бидејќи за нас медијацијата беше завршена. Се договоривме и сега треба тоа само да се спроведе во пракса, и очекувам дека одговорна Влада ќе постапува како што беше договорено.
Телма: Дали побаравте одговор од Владата и дали добивте одговор од Владата зошто се доцни со решавање на спорот?
Копач: Не за жал, ние сакавме да ја контакрираме Владата, и да добиеме информација зошто све застана, но се уште не добивме информација.
Наташа Стојановска