Копач: Македонија до 2020 нема да ја исполни обврската за обновливи извори на енергија

Земјава сигурно нема да ја исполни обврската до идната година да произведува 23 проценти од обновливи извори на енергија, како што бара Европската унија. Европа сега ќе ни прогледа низ прсти, но загубеното ќе мора да се надомести во следните 10 години, порачува Европската еднергетска заедница.

  • Веројатно земјата нема да ја достигне таа цел до 2020 година, бидејќи во претходните години не се направи баш многу на тоа поле, но во одредувањето на целите до 2030 година што ќе биде на дневен ред на министерсткиот совет во декември тоа ќе се прескокне за 2030. Значи, не може да се заборави дека тоа сега не се постигнало, туку ќе треба овој застој да се надокнади од 2020 до 2030 година“, вели Јанез Копач, дирекор на Европската енергетска заедница.

Енергетската заедница со сугестија, производството на струја од јаглен земјава ќе мора да го намали, можеби не веднаш, но со приближувањето кон ЕУ тоа прашање ќе дојде на дневен ред.

  • Додека светот го отфрла најголемиот загадувач и наголемо инвестира во иновации, во зеемјава дури 70 отсто од струјата се произведува од јаглен“.

Вицепремиерот Анѓушев уверува дека за една година земјава значајно ќе го зголеми производството на струја од сончеви панели за што владата ќе им помага на фирмите. Првиот чекор ќе биде направен овој месец, со распишување на тендерска постапка. Од буџетот се одвоени средства за премиум тарифи за поставување на фотоволтаици на државно и приватно земјиште.

  • Убаво е да има извори од обновливи извори, но тие се поскапи од конвенционалните, и прашањето е кој тоа ќе го плати“, вели кочо Анѓушев, вицепремиер за економскии прашања.

Од Американската амбасада во земјава порачаа дека гасното поврзување со Грција ќе обезбеди и други извори на гас за земјава, како што е оној од Азербејџан.

  • Ја поздравуваме соработката меѓу Северна македонија и Грција за изградба на интерконектор на гас, што ќе и помогне на земјата да го диверсифицира снабдувањето со гас, а тоа е од суштинско значење за безбедност и стабилност во снабдувањето со енергија“, вели Микаела Швајцер Блум, в.д амбасадор на САД во Македонија.

Владата тврди, изградбата на гасоводниот систем во земјава е во напредна фаза.

  • Вчера ме информираа од министерството за транспорт и врски дека треба дополнителни пари за националниот гасовод, за што сме среќни“, вели Зоран заев, премиер на Република Северна Македонија.

На Македонскиот енергетски форум во Охрид кој се одржува втор пат, властите најавуваат поголем интерес од грчките компании за енергетиката по потпишувањето на преспанскиот договор.

 

Нина Нинеска Фиданоска

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ