Координативното тело ќе носи политички одлуки, помирувањето е условен процес

Се уште не е изготвен текст на нацрт законот за амнестија. Координативното тело го одржа првиот состанок. Договорено е да се формираат три работни групи за реформите, интеграцијата и помирувањето. За законските решенија ќе се консултира и експертската јавност. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде свои предлози, целосна амнестија за индирекните учесници во настаните од 27-ми април и наоѓање правни модалитети за преквалификација на делата на дирекно инволвираните. Емилија Александова порача дека нема простор за импровизации, приведувањата може да имаат влијание врз процесот на помирување, кој е условен.

Фросина Ременски тврди дека постапките кои ги води СЈО во ниту еден момент не смеат да влијаат на процесот на помирување, но сепак како законодавна власт може да даваат сугестии и предлози.

На состанокот не присуствуваа претставници од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците и Беса на Касами. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека доколку било кое законско решение на координативното тело понуди одговор на политичкиот прогон што и се случува на партијата, тогаш тие ќе го подржат. На вториот состанок кој ќе се одржи во петок, поканет ќе биде и премиерот Заев кој треба да го образложи концептот на помирување.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ