Координативната средба на државно-политичкиот врв со оптимизам и без детали за јавноста

Информирање на претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Домаќинот на вечерта и министер за надворешни работи Никола Димитров, поддржуван од премиерот Зоран Заев, во присуство на Али Ахмети од ДУИ и неговиот сопартиец и вицепремиерот на евроинтеграции Бујар Османи ги изнеле сите детали од досегашните средби со грчките претставници. Координативната средба сите ја оценија како и што и ја најавија, информативна, без да соопштат детали. Премирот Зоран Заев е оптимист, убеден дека земјата може да излезе со национален став во преговорите за решевање на долгогодишниот спор со името.

Претседателот Ѓорѓе Иванов е задоволен што ги добил сите информации. Реалист е околу можноста да се реши спорот.

Оваа средба требала да се случи одамна. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, откри дека биле разгледувани предозите на Нимиц. Партијата ќе учествува на средбите, но одгворноста за преговорите е само во владата, категоричен е Мицковски.

Прв пристигна, прв даде изјава и прв си замина. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети задоволно соопшти дека доаѓа крајот на спорот кој Македонија го има со соседна Грција.

„Јас сметам дека ова е почетокот на крајот на еден важен процес за нашата држава. Многу е важно државата да биде дел од НАТО и од Европската унија во мир и во одржлива стабилност и во иднина за сите случувања јавноста ќе биде навремено информиран и не сакам да му наштетам на процесот со искажување на детали“ рече Ахмети.

Така минаа 6 часа разговор зад затворени врати во Клубот на пратениците. Сите се согласни дека средби ќе има и треба да има, а Мицкоски даде збор дека ќе присустуваат како партија. Кога е наредната средба министерството за надворешни работи и домаќин не открива, но до доаѓањето на Нимиц кој очекува да ја чуе позицијата на земјата по предлозите дадени на 17-ти месецов во Њујорк, остануваат уште само 3 дена.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ