Координативната средба можност Македонија да излезе со единствен национален став за спорот со името со Грција

Има ли време и политичка волја по првата заедничка средба на државниот врв, Македонија наредната недела пред медијаторот Метју Нимиц да застане со единствен национален став во преговорите?!

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу е оптимист дека оваа средба ќе произлезат две позитивни нешта: претставнците на политичктие партии ќе излезат од старите „чаури“, а во јавноста нема повеќе да се пласираат невистини и да се подгреваат емоциите.

Една од целите на координативната средба е владата да ја запознае опозицијата со предлозите на Нимиц од 17-ти овој месец во Њујорк. Познавачот на политичките состојби Владимир Божиновски смета дека треба да има редовни средби на политичките чинители, но без преголем оптимизам дека можат да застанат на иста страна ако предлозите за името се однесуваат и на македонскиот национален идентитет.

Во земјава, нема официјална потврда што содржи рамката на Нимиц и дали вклучува пет евентуални решенија за името на нашата земја. Медијаторот лично доаѓа по одговорот на неговиот предлог: прво ќе престојува во Атина на 29 и 30 овој месец, по што треба да го очекуваме во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ