
Контролор на ЈСП претепал 60 годишен патник
Скопјанец на возраст од 60-години во полициската станица Гази Баба пријавил дека вчера бил физички нападнат од контролор на Јавното сообраќајно претпријатие.
Според пријавата инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во моментот кога скопјанецот се симнувал од автобусот број 65. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.