
Конфискaцијата на имотот и парите заглавена меѓу судиите и обвинителствата
Бројчаникот кој го вети сегашниот премиер на „Порта Македонија“ го нема, а само сјајот на мермерот сведочи за скапоценоста на објектот платен од државниот буџет. Портата е дивоградба, а СЈО истражува како е планирана, градена и исплаќана. Осомничени се уште нема, но затоа Специјалното обвинителство за еден од случаите на буквата „Т“ извојува победа, а поранешниот премиер Никола Груевски доби затворска казна. Дел од случаите на СЈО се во тек, дел на средина, а некои чекаат завршница. Но, за ниту еден ниту случај судечките совети не одредија мерка – конфискација на имот, вели Слаѓана Тасаева на оваа тема.
Ако СЈО бара, а не добива, Јавното обвинителство ретко бара мерки за забрана за управување и оттуѓување на имот за време судските постапки. Од таборот на судиите велат дека институциите немаат капацитет да водат вакви истраги, а уште позагрижувачки е што ниту една институција не води сметка кој колку и каков имот поседува.
Црвеното светло ќе се вклучи ако Македонија ги отпочне преговорите со Европската унија.
Доколку судот го прифатеше барањето за конфискација на имот од СЈО во случајот „Талир“ со седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе управуваше Фатон Асани, лицето кое е недостапно за контакт, и чијшто телефонски број неговите соработници не го даваат на медиумите. Тој директорува со Агенцијата за управување со конфискуван имот, но колкав е тој имот, каде и како се чува и по која цена се распродава за да се надоместат штетите докажани пред судовите не постои точна инфорамција, бидејќи не функционира и интерент страницата на Агенцијата. Конфискацијата на имотот е условена од навремни финансики истраги, вмрежени институции и обучен кадар кој ќе им обезбедува информации на обвинителствата, порача министерот за внатрешни работи.
Во досегашната пракса на наплата која по судската одлука ја превзема извршител, должниците често ги прикриваат своите предмети, машини, стока во склад, се губи трагата на банкарските депозити. Со законските измени од 2009-та, имот може да се конфиксува и од трето лице кое го добило имотот, а не може да докаже како и колку е исплатено. Владата на доаѓање најави измени во оваа проблематика, а стаса до националната стратегија за борба против перење на пари.
Павле Беловски