Коњаниците од Општина Аеродром тргнаа кон Мечкин Камен

Дваесетина коњаници вчера од општина Аеродром тргнаа кон Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, во паркот „Јане Сандански“ на коњаниците им го предаде општинското знаме, со што официјално стартуваше 40-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

„Задоволство ми е што оваа година имаме можност да го поддржиме јубилејниот 40-ти коњички марш, организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Денеска ги испративме коњаниците на патот кон Крушево, а тие со себе ќе го носат и знамето на Општина Аеродром. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ“, изјави Марин.

Во рамките на манифестацијата коњаницата и играорците од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.Во рамките на настанот, се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата  „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче одржа крводарителска акција.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ