
Комуникацијата на социјалните мрежи ги поврза обвинетите во „Монструм“
Пораки од компјутери и мобилни телефони паднале во рацете на дигиталните форензичари во полицијата. Меѓу себе си пишувале 20-тина лица, но само 6-мина од нив се обвинети за тероризам.
Првиот застапник на обвинителството пред 5 години велеше дека во меморијата на дел од обвиентите има содржини препознатливи за радикалниот исламизам, а денеска во судницата содржината на пораките не се читаше.
Адвокатите на обвинетите тврдат дека разговорите се за секојдневни теми, а не за организирање тероризам.
Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека во тие вештачења има упатства како да се отвори содржината на пораки, а врз основа на тие содржини е донесена претходната пресуда, која Врховниот суд ја отфрли, а процесот преземен од СЈО го врати одново во Кривичниот суд.
СЈО пред странките се обврза дека содржината на пораките ќе биде вметната во завршниот збор. Следни на потег во судот се лекарите и балистичарите кои ќе опишат од која близина е стрелано кон момчињата и рибарот.
Павле Беловски