Компанијата „Grouper“ се приклучи кон владина кампања – нема одговори дали има судир на интереси

Приватната компанија „Grouper“ каде еден од сопствениците е министерката за финансии Ангеловска денес преку официјалната фејсбук страница се приклучи кон владината кампања „Купувам домашно“. Станува збор за мерката со домашни платежни картички, за која Владата одвои 28 милиони евра.

Од Министерството за финансии испратија краток одговор до Телма и ни порачаа за одговори да се обратиме кај конкретниот правен субјект.

  • Министерството за финансии нема надлежност и увид по овие прашања, соопштија од таму.

Се обидовме да ја контактираме и министерката Ангеловска, но одговор на нашите прашања се уште не добивме. „Grouper“ ги повика корисниците да купуваат домашни производи онлајн. Има и линк кој води до веб-страницата каде што може да се погледнат сите  продукти кои може да се купат – вкупно 350 на број, од масажи па се до торти и ноќевања.

Долу на страницата на Grouper под продуктите коишто се нудат може да се најдат и податоци околу фирмата како правно лице. Станува збор за компанија со регистрирано име Вебспот. Бројките на Бизнис Мрежа за оваа компанија покажуваат дека добивката за 2019 во однос на 2018 година е зголемена за 12,8% односно лани оваа фирма каде косопственик е Ангеловска имала добивка од 122 илјади евра.

Приходите лани биле 445 илјади евра и во однос на 2018 година тие се зголемени за 19,2%.

 

Петар Догов

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ