Компаниите ќе одберат дали сакаат субвенции од 14.500 денари по вработен или 50 отсто од придонесите

Уредбите за антикризните мерки се донесени, а во службен весник ќе бидат објавени утре. Компаниите ќе одберат дали сакаат субевнции од 14.500 денари по вработен или 50 отсто од придонесите за работниците но врзано со прсочената бруто плата исплатана во земјава во јануари годинава. Според премиерот Спасовски – за мерките подобни се да аплицираат се 87 отсто до компаниите. Ќе бидат опфатени 250 илјади работни места и 35 илјади компании. Аплицирањето ќе оди преку УЈП, а барањето ќе се поднесува преку системот за електронски даноци.

„По обработката ана апликацијата УЈП ќе го инфдормира работдавачаот за вкупниот износ што ќе бниде исплатена  Уредбата утврдува дека работодавачот – има обврска да ги врати во целост заедон со камата за јавни давачаки акоо при инспек контроли се утврди дека не ги утврдил условте за стекнување на парво на оваа мерка – за времетрањет на оваа мерка “

Компанијата која ќе добие субвенции има обврска до септември да го задржи истот број вработени што ги имал во момент на аплицирање, и оние што биле на определено, и оние на непределено како и тие што работеле со скратено работно време. Спасовски тврди дека засега нема драстично зголемување на бројот на работници ккои останале без работа поради кризата. Но посочува работнците да не потпишуваат бланко откази.

Финансиска поддршка ќе има и за занаетчиите. Од Владата тврдат дека постапката за аплицирање ќе биде едноставна.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ